ВИДЕРЕР: СЕХА е светилник на европскиот ракомет

Еден од најдобро одиграните потези на раководството на СЕХА лига во времето кога се формираше беше што ја доби на своја страна, како сојузник Европската ракометна федерација. 
Со текот на времето СЕХА растеше, а соработката со ЕХФ се продлабочуваше... и сега стигнавме до момент Ф4 во Скопје, барем во поглед на организација да го посредуваме со Ф4 на Лигата на шампионите. 

Не е далеку СЕХА од тоа ниво, а искуствата што се пренесуваат од една во друга сезона прават овој настан да прерасне во спектакл што ќе се пренесува низ вела Европа. ЕХФ го почитува ова што го работи СЕХА


„Ние во ЕХФ имаме обичај да кажеме дека светилник на европскиот ракомет е Ф4 турнирот во Келн. Но, на европкиот ракомет му се потребни што повеќе силни клубови и што повеќе 'светилници'. СЕХА Ф4 е секако еден таков светилник. Потребен му е спонзор каков што е Гаспром, лига каква што е СЕХА. 
Соработката меѓу ЕХФ и СЕХА е одлична и треба да продолжиме по тој пат. Посебно сега, кога знаете, сме на прагот на промена на форматот на Лигата на шампионите. Од 2020 ќе имаме ново лице и ќе бидеме многу пребирливи во изборот на екипите што ќе учествуваат“, изјави Михаел Видерер. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk