Мешков: СЕХА и Гаспром продолжуваат заедно

СЕХА Гаспром денеска го затвора кругот на сезоната 2017/18. Завршната прес конференција беше збогатена со присуство на претставникот на нафтената компанија Гаспром Александар Мешков и претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер. 

„Ова беа пет години исполнети со многу предизвици, но и години што беа многу продуктивни. Ззадоволни сме во кој смер се движат работие. СЕХА лигата стана една од најдобрите во Европа. Сакаме екипите што играат на СЕХА Ф4, да играат и на Ф4 во Келн. Ние сме задоволни од досегашната соработка и веќе имавме разговори со Управниот одбор на компанијата. Сакам да соопштам дека ќе ја продолжиме соработката со СЕХА. Ќе бидеме партнер и во иднина бидејќи ги сакаме победите. Ние во Русија имаме еден слобан кој вели: ‘Ксде е Гаспром таму се остваруваат соништата’. За ракометот сакаме да додадем, „Каде е Гаспром - таму се и победите“, изјави претставникот на Гаспром, Александар Мешков.

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk