Јагањац сака во Загреб, на ред е Металург

ППД Загреб денеска одржа прес конференција на која ги претстави четирите нови имиња за следната сезона. 
Тоа се крилото на Извиѓач Давид Мандиќ (20), потоа централниот бек на Зрињски Мостар, Филип Вистороп (19) и попознатите Грегор Поточник, лев бек на Горење, како и пикерот на Нант, Сењамин Буриќ. 

Тоа што за македонската јавност ја направи оваа прес конференцијата интересна е најавата дека се блиску до договор со Металург за трансфер на Халил Јагањац,

„Не е никаква тајна дека преговараме со Јагањац за доаѓање во Загреб. Тој е играч на Металург, но во следниве дваесетина дена треба да постигнеме договор со неговиот клуб. Што се однесува до него, тој е и повеќе и спремен да дојде во ППД Загреб“, изјави главниот менаџер на ППД Загреб, Божидар Јовиќ. 


Како ќе одат преговорите со Металург, ќе видиме. Не е никаква тајна и дека Металург е расположен да продава играчи за да отвори простор за помладите ракометари што треба да ги вклучи во тимот следната сезона. Но, Металург за Јагањац му исплати на ПСЖ отштета од 40.000 евра и сега кога конечно Халил Јагањац е нивни играч сигурно нема и лесно да го ослободат од обврските. 
Но, рековме, Металург изгледа подготвен да продава, па Загреб може да се најде во „приказната“ и да го врати назад во Хрватска талентираниот бек. 

ППД Загреб ќе биде гостин во Скопје викендов. Ќе настапи на „Ф4“ турнирот на СЕХА Гаспром, па можеби средбите очи во очи во Скопје, ќе бидат и момент каде што ќе се прекрши и трансферот на Јагањац,

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk