СЕХА: Загреб носи четири нови играчи



ППД Загреб во понеделник ќе одржи прес конференција на која пред заминувањето за Скопје на СЕХА Ф4 викендот, ќе го промовира тимот за следната сезона. 

Најважната информација е дека капитенот Златко Хорват (33), играчот што целиот свој живот игра за ППД Загреб, ќе остане во клубот и следната година. 

Хрватските медиуми најавија четири нови имиња во екипата на ППД Загреб за следната сезона. Тоа се Давид Мандиќ од Љубушки, Филип Висторов од Метковиќ, потоа Словенецот Грегор Поточник од Горење и репрезентативецот на БиХ, Сенјамин Буриќ кој во Загреб ќе дојде од редовите на францускиот Нант. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk