Кадетите уште еднаш си поиграа со Бугарија

Кадетската репрезентација на Македонија го заврши настапот на турнирот во Унгарија со уште една победа над репрезентацијата на Бугарија. 

На својот последен настап, кадетите ги совладаа врсниците на нашиот сосед со 31:20 (15:9). Водеа со 6:2, 9:3... во периодот во кој се реши победникот на натпреварот. 
Глигор Гајиќ со 6 гола беше најефикасен, по четири постигнаа Мартин Серафимов, Ненад Костески и Кристијан Симоноски, Дејан Џигероски постигна три, Митиќ и Божиновски по два, Витанов, Ќосевски и Ивановски по еден гол. 

За крај на турнирот и генерацијата 98 ќе одигра уште еден натпревар, со Бугарија, на кој извесно ќе победи и така двете македонски репрезентации ќе се врата дома со максимален ефект и сите победи. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk