Заврши ЛШ за Манасков и Веспрем

ВЕСПРЕМ - СКЈЕРН   34:29 (16:13)

Дејан Манасков и Веспрем се елиминирани од Лигата на шампионите. Унгарскиот првак не успеа да надокнади седум гола негатива од првиот натпревар одигран минатата недела во Скјерн и го заврши настапот во Лигата на шампионите уште во Топ 12 или 1/8 финалето. 

Дејан Манасков одигра одлична партија, имаше 6 од 6, но тоа не беше доволно за Унгарците да стигнат до резултат што од сегашна гледна точка ќе беше сензација. 

Веспрем тргна агресивно во дефанзива. Нивната одбрана играша на команда „убиј“, но тоа не им донесе предност на теренот, напротив, им донесе 6 исклучувања уште во првиот дел. Скјерн во првите 15 минути напаѓаше 7 на 6 и успеа да го преживее првиот јуриш на домашните. 

Поведоа со 2:0 и 3:1, благодарение на гол и украдена топка на Манасков, но на повеќе од два гола не успеаја да ја кренат разликата во првите 15 минути. Потоа имаа краток блесок, стигнаа до плус четири, но кратко траше надежта. Скјрен се врати во игра стигна до минус еден и напад за реми.

Со влегувањето на Алиловиќ и Петар Ненадиќ се раздвижија малку работите за Веспрем, па успеаја со два врзани гола во последната минута да зголемат на 16:13.

И во вториот дел беше топло ладно. Скјерн стигна до реми 24:24, но следните четири гола завршија во мрежата на Скјерн. Поведе со 29:25 Веспрем на седум минути до крајот имаше и напад за плус пет... 

Но, Скјрен на голот во вториот дел го имаше извонредниот Тибор Иванишевиќ. Одбрани неколку удари кога најмногу требаше, постигна и гол за 28:30 и практично го реши патникот во 1/4 финалето. 

Последната надеж на Веспрем ја расипа заедно со Манасков најдобриот играч на Веспрем, Петар Ненадиќ (9/11) со пробивање на 3 минути до крајот, во обидот да донесе водство од плус пет. 

Скјерн во 1/4 финалето на ЛШ се среќава со Кирил Лазаров и Нант. Ова е идеалната опција за Кирил Лазаров уште еднаш да се појави во Келн. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk