Македонската јуниорска репрезентација на Македонија по победата над Веспрем вчера, забележа уште една, втора по ред победа.
Денеска јуниорскиот состав на Македонија го совлада тимот на Ајка 28:24 (14:10) на натпревар на кој Димитриоски постигна 7, Јагуриноски 6, Танкоски, Шилегов и Петровски по 4 гола, Арсеновски (фото) беше стрелец на 3, а Димитровски беше стрелец на 1 гол.
Настапија и Кизиќ, Петковски, Мишевски, Гајиќ, Атанасовски, Кукуловски, Ѓошевски и Стојановски.
Тоа што треба да го издвоиме од овој натпревар е дека противникот не играл со состав до 20 години, туку со комбиниран тим во кој имало и возрасни ракометари.
Денеска кадетите одново ќе играат со Егерсеги, тим што во првото коло го совладаа со 55:13. Веројатно и нив добро би им дошле засилуавања од повозрасните колеги за да не им се повтори фијаското.
Поврзани вести