Јагуриноски му пресуди на Веспрем

Двојна победа над Веспрем слават денеска македонските репрезентации што се дел од Велигденскиот турнир во Унгарија.

Откако кадетската репрезентација ги совлада врсниците со 27:25, им се приклучија и јуниорите кои славеа тесна победа од 23:22 над питомците на унгарскиот шампион.

Весперм со сета поддршка што ја имал од судиите во текот на натпреварот беше пред победа откако во финишот водеше со 22:21. Но, следеше гол за израмнување, и во последниот напад кој патем бил 6 на 4, Јагуриновски пресекол топка и погодил за победа на македонската репрезентација. 

Филип Арсеновски со 5 гола беше и најефикасен кај нашиот тим. По четири гола постигнаа Мице Шилегов, Томислав Јагуриновски и Марко Мишевски, по два гола запишаа Марио Танкоски и Димитар Димитриоски, а по еднаш прецизни беа Иван Димитроски и Дарио Петровски. 

Македонија (Ј) - Веспрем   23:22 (10:11)
Движење на резултатот: 2:2, 4:3, 8:4, 8:7, 9:11 (10:11), 13:14, 15:15, 15:17, 18:18, 19:20, 21:22, 23:22
Македонија: Петковски, Димитриоски 2, Гајиќ, Танкоски 2, Кукуловски, Петровски 1, Мишевски 4, Јагуриновски 4, Стојановски, Шилегов 4, Ѓошевски, Арсеновски 5, Николовски, Атанасовски, Кизиќ, Димитровски 1
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk