Колев и Ница избија на второ место во Франција

Македонскиот тренер Марјан Колев има повеќе од успешна сезона до овој момент во еден од најсилните женски шампионати во Европа, во земјата на светскиот првак - Франција. 

Марјан Колев со Ница, иако во тимот имаат и доста проблеми со повреди, на едно коло од регуларниот дел на првенството стигнаа до второто место, откако како гости викендов го совладаа тимот на Ле Авр (19:18). Во истото коло лидерот Мец беше подобар од дотогаш второпласираниот Брест, па така Ница сега успеа да избие на второто место. 

Во последното коло од регуларниот дел, на домашен терен Ница го пречекува четвртопласираниот Иси Париз. Ако победи, останува на второто место, ако загуби ќе биде на крајот на чеетвртото место. Како и да биде, овој пласман ќе биде успех за Ница, која минатата сезона се бореше во Лигата за опстанок. 

По ова продолжува плеј оф натпреварувањето во кое Ница ако биде второпласирана ќе игра со тимот на Флери или Тулон, а доколку заврши како четвртопласиран ќе игра против Нант. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk