Рокас и Онето одат во пензија

Еден од најпознатите шпански ракометари, десното крило Алберт Рокас (35) денеска на својот ФБ профил објави дека ја завршува кариерата. 

„Мојата глава вели дека можам да изиграм уште 16 финалиња, но моето тело вели дека веќе не може“, објави Рокас. Тој е поранешен играч на Барселона, Копенхаген, Сан Антонио, а последните две сезони ги доигруваше во Ла Риоха, односно Логроњо. Беше прогласен за најдбро десно крило на Олимписките игри во Пекинг. 


Марко Онето денеска одлучи да заврши со ракометот

Алберт Рокас не е единствениот кој денеска објави крај на кариерата. На иста возараст (35 години) од игра реши да се повлече и легендарниот пикер на Чиле - Марко Онето.

Овој џин од 2.05 метри во 19 годишната кариера низ Европа, има играно за Барселона, Веспрем, Магдебург, Висла, последно за Спортинг. Честите повреди го мачеа долго време и денеска реши да каже дека му е веќе дојдено преку глава да се бори со повредите и дека ја завршува кариерата. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk