Еден селектор и за мажи и за жени

Привремен селектор на машката репрезентација на Србија ќе биде Љубомир Обрадовиќ, актуелен селектор на нивната женска репрезентација. 

РСС кој деновиве за заминава со проблемите што си ги нарпави со јуниорските квалификации и Косово, не стигна навреме да ангажира замена за Јовица Цветковски со кого се раздели по ЕП откако играчите го обвинија на низа сериозни пропусти во работата. 

Србија, пак, уште од времето на Цветковиќ имашѓе договорено два дуела со Германија во рамките на Неделата на ЕХФ, па не можеше да откаже. Обрадовиќ ќе ги води сениорите во Германија, а потоа ќе се бара ново решение. Србија во квалификациите за СП Германија во баражот ќе игра со Португалија. Низ нивните медиуми провејува амбиент дека се големи фаворити и дека не би требало да имаат проблем, иако не би смееле да се чувствуваат така. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk