Костески ја однесе Селка на Фајнал фор

Македонскиот интернационалец Никола Костески беше играч на натпреварот на ревнаш мечот од 1/4 финалето на Купот на Турција меѓу Анталијаспор и Селка. Меч по кој Селка славеше пласман на Фајнал фор турнирот, додека довчерашната екипа на Петар Ангелов останува со празни раце. 

Никола Костески постигна 7 гола од 7 обиди, а Виктор Гигов имаше петнаесетина интервенции од кои неколку во клучните моменти. Селка загуби 27:28, но на првиот меч на домашен терен победи 23:22 и поради повеќе постигнати голови како гостин се пласираше на Фајнал фор турнирот во Купот на Турција. 

Потенцијални противници на завршниот турнир на Селка ќе бидат екипите на Бешикташ за кого играат Филип Лазаров и Немања Прибак, потоа Анкараспор и Ѓозтепе. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk