Монпеље го потроши последниот џокер

Монпеље има(ше) убава предност пред ПСЖ, добар распоред и се што му треба е да не прави киксови до крајот на првенството за да ја освои svojata 15-та шампионска титула во Франција. 

Монпеље опиен или уморен по победата над Барселона во Лигата на шампионите минатиот викенд и во пресрет на реваншот во „Блау грана“ каде што ќе бранат предност од три гола (28:25) се сопна во домашното првенство.

Но, Екс Прованс ги растури плановите на Монпеље и го врати во игра скапиот тим од Париз. Вчера, Екс Прованс го изненади Монпеље како гостин и славеше минимално во „Рене Буњол“. 
По овој пораз Монпеље има само два бода предност пред ПСЖ кој сигурно ќе најде начин како да ги мотивира противниците на најуспешниот француски клуб. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk