Пелистер доби нов тренер

Нов тренер на ракометниот клуб Пелистер од Битола е Томе Петрески. Тој доаѓа на местото на Борче Маркоски, кој после двата порази од Еурофарм Работник си даде отказ. Петрески во моментов е тренер на Кујида од Мароко, но очигледно не можеше да ја одбие понудата на Пелистер и да се врати во Македонија. 

Пелистер со нивиот тренер ќе се обиде да обезбеди излез во Европа и да се оправда за двата пораза од градскиот ривал. Особено затоа што регуларниот дел од Супер Лигата го заврши на првото место и важи за еден од тимовите што може да го предизвика Металург во битката за второто место.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk