Ѓер си одбра нов тренер

Актуелниот европски шампион во женска конкуренција, унгарскиот Ѓер денеска ги прекина сите шпекулации што повеќе од еден месец ги забавуваа ракометните фанови ширум Европа - го официјализираа новиот тренер.

Габор Дањи, досегашниот асистент на Мартин Амброс ќе ја преземе екипата откако Шпанецот ќе си замине, а тоа ќе се случи на крајот на сезоната.

Ваков исход веќе беше најавен, но медиумите некако не сакаа да ја прифата оваа неатрактивна опција, посебно затоа што во игра беа многу позвучни имиња како Хеле Томсен и Драган Аџиќ на пример. 

Поатрактивен за ракометниот свет е неговиот асистент. Тоа ќе биде Хрватот Здравко Зовко, тренер кој има дебело резиме и има водено екипи како Загреб, Целје и Веспрем во машка и Подравка, Дунафер и Звезда Звенигород во женска конкуренција, а бил селектор и на машката и на женската репрезентација на Хрватска. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk