ЛШ: Олсон го напаѓа Гензајмер

Уве Гензајмер имаше огромна предност на листата на стрелци во Лигата на шампионите, но со оглед на тоа дека ПСЖ не игра во 1/8 финалето, а и дека не настапи на последните два меча на ПСЖ во групата, разликата се стопи. 

Сега Гензајмер има само три гола предност и тоа пред Маркус Олсон. Шведскиот ас на Скјерн ја игра својата сезона од соништата и може да стане и најдобар стрелец доколку неговиот Скјерн успее да го елиминира Веспрем и продолжи да се натпреварува во ЛШ. 

И тој е единствениот што сериозно може да го загрози Гензајмер во оваа трка. Шмит од РНЛ сигурно ќе биде елиминиран по поразот од 24 гола разлика, а Мате Лекаи треба од Веспрем исто така има минус седум токму од Скјерн каде газдува Олсон. 
Од сосема друга страна гледано, Шведска успева да извади уште еден врвен ракометар на сцената и веројатно многу брзо ќе слушнеме за негов трансфер во поголем клуб. 


Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk