Франција ја одби жалбата на Нант

Екипата на Нант (без Кире Лазаров во составот) го совлада Ним во 1/4 финалето на францускиот Куп, минимално, но поразниот тим испрати во федерацијата жалба бидејќи во еден момент Нант играл со 8 играчи во поле и во тие моменти постигнал клучен гол. 

По разгледувањето на снимката и жалбата беше одлучено да се преиграат последните 10 минути од натпреварот, поточно од моментот кога Нант ја направил грешката. Нант ќе добие исклучување, а Ним водството што го имаше во моментов. 

На ова се жалеше Нант кој побара да се преигра целиот натпревар. 

Француската ракометна федерација (ФФХБ) ја одби жалбата на Нант и потврди дека ќе се играат само тие 10 минути и дваесетина секунди. 

По ова Нант на својата официјална веб страна објави дека ќе размисли кој ќе биде нивниот следен чекор. Не исклучуваме никакво сценарио, вклучително и тоа да не го одиграат натпреварот, иако по легендарните пенали на натпреварот меѓу Санкт Петербург и Хафнарфјордур, ќе бидеме сведоци на ново преигрување на натпревар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk