Bent (2018)

„1000 пати искористна идеја, 999 пати снимен подобар филм“, вака еден од критичарите го има опишано фипмот Bent во кои има одлична екипа глумци како Енди Гарсија, Карл Урбан и Софија Вергара. 

Токму поради нив и се одлучивме да го гледаме и едвај го догледавме овој потпросечен трилер. Лошо сценарио, лоша режија, лоша глума... едноставно, се во овој филм е лошо. А да биде иронијата поголема режисер е оскаровецот Боби Мораско кој наградата ја има добиено за оригинлано сценарио. Во некои други времиња. 

Ако сте за 1 час и 40 минути филм во кој полицаец (Карл Урбан) е наместен за убиство и по три години минати во затвор се обидува да го обели образот... повелете. 

Ако не послушате нас, не си го губете времето.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk