ТРАНСФЕР БОМБА: Гулден потпиша за Брест

Денеска заврши една од најголемите трансфер сапуници од тековната сезона. Изабел Гулден, шведската репрезентативка, по неколку месеци „си одам - не си одам“ го официјализраше трансферот од ЧСМ Букурешт во Брест Бретања, Франција. 

Брест веќе потпиша со Ана Грос што е исто така уште едно капитално засилување, а во тимот ги имаат и Клеопатра Дарло, Алисон Пино, Слаѓана Поп-Лазиќ итн.

Изабел Гулден е можеби најдобриот светски бек во моментов. Игра како централен бек, лев бек и е силата што ги води и ЧСМ Букурешт и репрезентацијата на Шведска. 

Брест, пак, најави дека следната сезона има за цел не само Ф4, туку и да биде конкурентен и во Будимпешта, а патем ако не успее сезонава, тогаш да го симне од тронот Мец следната сезона во Франција. 

ЧСМ Букурешт си обезбеди замена уште одамна. Тоа е вардаровата ракометарка Андреа Лекиќ. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk