Манасков го преседе поразот на Веспрем

Пик Сегед покажа уште еднаш дека правилно ја темпера(л) формата и како се ближат битките што вистинските се бројат така станува се подобар. 

Вечерва го изненади големиот ривал Веспрем и го совлада среде преполната Веспрем Арена. Рихард Бодо (10 гола) беше човекот против кого Веспрем немаше решение, Скубе ги ја шеташе корпулентната одбрана на шампионот, за на крајот Пик Сегед да запише минимална и целосно заслужена победа од 32:31. 

Без разлика на победата Пик Сегед останува на второто место, „благодарение“, на послабите партии во есенскиот дел (2 пораза и 2 нерешени), додека за Веспрем ова беше прв пораз. 

Најслабиот во редовите на Веспрем, а тоа беше тренерот на домашниот тим Љубомир Врањеш, не му даде шанса на Дејан Манасков (колку што можевме да видиме). 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk