Будуќност остана без претседател

ЖРК Будуќност остана без највлијателната личност во клубот. Предраг Бошковиќ веќе не е претседтел, а неговата замена ќе биде назначена во понеделник. 

Бошковиќ е потпретседтел на ЕХФ и член на Советот на ИХФ. Од функцијата претседтел на Будуќност се повлекува затоа што во Црна Гора треба да биде изгласан закон со кој на политичарите им се забранува да бидат дел од управа на спортски колективи. 
Бошковиќ е повеќегодишен министер во владата на Ц. Гора, во моментов ја извршува функцијата министер за одбрана. 

Неговото влијание во клубот сигурно ќе остане, но целта на законот е политичарите да не се мешаат во спортот. Ќе видиме во колкава мерка тоа ќе биде почитувано таму, но една работа е сигурна, колку помалку Бошковиќ го има во Будуќност, толку полошо за клубот. 
Будуќност драстично ги намали своите амбиции на почетокот на сезоната кога од клубот си заминаа врвни ракометарки како Кристина Неагу, Драгана Цвијиќ, Катарина Булатовиќ... и се фокусираше на млади ракометари. Имаат состав што има солидни резултати благодарение на веројатно најслабиот квалитет што женскиот ракомет во Европа може да го понуди во последните 20 години. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk