Лазовиќ е прескапа за Крим

Во исчекување да се официјализира трансферот на Андреа Пенезиќ во Шиофок, можеби и на Татјана Хмирова во истата екипа и натаму следиме по кој  пат ќе тргнат ракометарките на Вардар од јуни. 

Барбара Лазовиќ е уште едно познато име кое досега беше поврзана со две опции, францускиот Мец и поверојатната варијанта - Крим Меркатор. Но, од Словенија стигнаа информации дека Барбара Лазовиќ е прескапа за нив. Барем во овој момент. Така Крим веројатно ќе се задоволи само со една леворака ракометарка од Вардар, а тоа е Сара Ристовска. 

Што се однесува до Лазовиќ, обновена шпекулација е дека би можела да продолжи во ракометната Мека за женски ракомет - Романија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk