Шпанците на поштенска марка

Репрезентацијата на Шпанија долго време е во светскиот и европскиот ракометен врв, но дури годинава на ЕП Хрватска успеа за прв пат да го подигнат шампионскиот пехар. 

Денеска беше објаввено дека покрај сите почести што веќе ги добија, ќе добијат и сопствена поштенска марка. Же бидат отпечатени 180.000 пошенски марки на кои ќе се најдат шпанските играчи и честитката од поштата на Шпанија, а ќе се продаваат по цена 1,35 евра. 

Убав начин на поштата на Шпанија да им честите на ракометарите, а патем и да заработи 1/4 милион евра, со оглед на тоа дека се очекува да бидат распродадени во рок од неколку недели. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk