Железничар во огледало го гледа Металург

Нишкиот Железничар, еден од најсериозните кандидати за шампионската титула во Србија и кандидат за место во СЕХА Гаспром лигата следната сезона се повеќе личи на Металург. Зборуваме за „оној“ Металург пред да почне ерата на Лино Червар. 

Нишкиот стратег Јошко Петковиќ кој во управата ги има Иван Шмигиќ и Левче Китевски, а на теренот Александар Станојевиќ доби уште еден играч од „времињата“ на Металург. 

Левото крило Бобан Живковиќ (37), ракометар кој најдобрите ракометни моменти во кариерата ги мина во „Автокоманда“ се ново засилување за нишкиот тим. 

Живковиќ во Металург дојде од играше од 2006 до 2009, потоа замина во Црвена Звезда, па во Војводина, а сега се враќа назад во Ниш да ја заврши кариерата во клубот од каде што потекнува. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk