По 24 години, Златко Хорват си оди од Загреб

Малку ракометари можат да кажат за себе дека изградиле убава кариера играјќи само за еден клуб. Златко Хорват е еден од ретките. Хрватскиот Франческо Тоти играл само за една екипа, ППД Загреб и тоа цели 24 години. 

Летово таа бајка ќе заврши. ППД Загреб нема пари да му понуди нов договор. И тоа треба да биде показател за ситуацијата во која се наоѓа единствениот хрватски шампион. 

Златко Хорват ја потврди оваа приказна и изајави дека се е можно, но подобро упатените медиуми велат дека разделбата е завршена работа. 

Златко Хорват е играчот кој го бутна првото домино кое доведе до промена на селекторската позиција во Македонија. Тој го утна пеналот со Норвешка, по истекот на времето, на нерешено, во полуфиналето на СП Франција. По ова Жељко Бабиќ беше сменет, па потоа Хрватите го украдоа Лино Червар од Македонија и на крајот Македонија го назначи раул Гонзалез. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk