Јовица Цветковиќ доби отказ

Јовица Цветковиќ од денеска не е повеќе селектор на репрезентацијата на Србија. УО на РСС очекувано не го прифати неговиот извештај и со 10 гласа против и 1 „за“ изгласа недоверба и негова смена. 

Овој епилог е повеќе од очекуван, откако играчите влегоа во отворена војна со него по ЕП. Цветковиќ ги обвини дека лумпувале по кафани и дека некои од нив имале резервирани билети за дома по првата рунда, а тие му врати десеткратно обвинувајќи го дека бил постојано пијан, дека пијан ја водел средбата со Белорусија, дека не знае каде му играат играчите... 

„Нека докаже некој дека ме видел пијан на тренинг или натпревар и јас никогаш веќе нема да се занимавам со ракомет. Би сакал тие што го пишувале соопштението да се појават во јавност со име и презиме“, изјави Цветковиќ. 

Но, 10:1 во Уо на РСС јасно кажува кому веруваат членовите на Управниот одбор. Цветковиќ од утре ќе биде минато, а најсериозен кандидат за негов наследник засега е Владан Матиќ. 

Цетковиќ е само вториот селектор кој е заменет по ЕП. Пред него отказ доби селекторот на Исланд. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk