Металург се посрамоти во Велење

ГОРЕЊЕ - МЕТАЛУРГ  37:25 (21:13)
Цехте 6, Вердинек 5 - Илиќ 8, Кузмановски 7



Горење, а посебно Металург одиграа натпревар кој може да биде антиреклама за еден од најдобрите ракометни продукти појавени во последните 5 години - СЕХА Гаспром шампионатот. 

Резултатскиот императив го нема ни за двата тима, но ваква партија, посебно од Металург кој минатата недела се „опари“, па сега требаше така финансиски смирен да одигра натпревар од повисоко ниво.
Но, Металург беше безличен, беиздеен, немотивиран и веќе по пет минути го имаше загубено овој дуел. 

Горење поведе со 7:3 (8 мин) и веројатно на сите што го гледаа овој меч уште тогаш им беше јасно кој ќе биде победникот.
Резулатските 3-4 разлика се влечаа на семафорот уште 10 минути, во 18 минута беше 12:10, а потоа Горење со серија од 6:0 ги разубеди сите дека Металург овде може да дојде до бодови. 

Понатаму натпреварот беше „очобол“, посебно за фановите на Металург. Горење си ја играше својата игра, не се ни измачи премногу, а во 40 минута имаше водство од 30:25. 
Дури тогаш домашните олабавија, Металург направи серија од 5:0, стигна до 25:30, но место да оди напред, веднаш се врати во сенката на дебелата негатива што ја прави двоцифрената разлика. 

Комплетна статистика и табелата во СЕХА Гаспром, можете да видите со клик тука
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk