Онеџекве место со Македонија ќе игра на свадба

На адреса на репрезентацијата на Романија стигна и вториот отказ за јунскиот бараж за пласман на СП. Бараж на кој Романија ќе игра против репрезентацијата на Македонија. 

Левото крило Чике Онеџекве нема да настапи на овие квалификации. Тој има закажано свадба во тој период и нема да се појави на подготовите на Пасквал вклучително и на двата натпревари што Романија ќе ги игра со Македонија. 

Онеџекве не е натурализиран играч. Неговиот татко е со нигериско потекло, а мајка му е Романка. Роден е во Романија, има 31 година висок е 185 см. 

Довчера играше заедно со Горан Кузманоски во Одорхеи, а сега е соиграч на Гоце Георгиевски во екипата на ЧСМ Букурешт. Онеџекве требаше да биде првиот избор на позицијата лево крило, пред Андреј Негру за кого се зборува дека е незадоволен од статусот и дека размислува и да се повлече. Јасно, оваа информација за Негру  официјално непотврдена. 

Претходно, Чави Пасквал остана без услугите на својот најдобар играч, Александру Шимику кој го повреди рамото, опериран е и ќе паузира 5 до 6 месеци. 

-----------------
Ви се доаѓа текстот? Кликнете LIKE на веб страницита на g-sport.mk за да ги добивате најновите вести на вашиот Фејсбук профил

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk