Романија остана без најдобриот играч!

Романиja сериозно хендикепирана ќе ја дочека бараж пресметката со Македонија за пласман на Светското првенство во Данска и Германија 2019 година. 

Нивниот најдобар ракометар, Александру Шимику е повреден и за него сезоната е завршена. Тој во вторникот бил опериран. Повредено е рамето. Паузата е предвидено да трае меѓу пет и шест месеци.

Александру Шимику (202см, 96 кг) е играч од позицијата лев бек, настапува за францускиот тим С. Рафаел и е еден од главните ракометари во оваа екипа. Има 28 години и есенва му го продолжија договорот до 2020. Претходно играше за Хамбург, Констанца и Темишвар.

Имаше пауза од 4 години настапите во романската репрезентација, па затоа има само 35 настапи, 52 гола. Но, се врати откако Романците отидоа под водство на Чави Пасквал.
За него, Романците велат дека носи една класа плус во тимот. Игра во два правца, дрзок е, знае и да удри и да истрпи. 


-----------
Ви се допаѓа текстот? Кликнете LIKE  на веб страницата g-sport.mk за да ги добивате најновите вести на вашиот ФБ профил

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk