Лино и Прокоп куртулија, Цветковиќ - нема

Лино Червар го преживеа УО на ХРС, Кристијан Прокоп триумфално дели коментари по состанокот на бордот на ДХБ, но ако Јовица Цветковиќ по состанокот на РСС и натаму продолжат да го ословуваат со „господине селекторе“, , тогаш дефинитивно 2018 година ќе ја прогласиме за година на селекторите. 

Денеска комплетната српска репрезентација излезе со соопштение кое ја загрозува не само селекторската функција, туку и целата тренерска кариера на Јовица Цветковиќ. 

„Тој не знаеше каде играат нашите играчи“ велат во соопштението ракометарите на Србија. Шешум го прашуваше како е во РНЛ (иако четири години игра во Гепинген), Радивојевиќ го прашуваше „каде си сега мали? бидејќи не знаеше каде игра, а за да разговара со Алем Тоскиќ одеше во Скопје, иако тој игра во Горење Велење. 

Сметката од хотелот, само за алкохол му беше 1200 евра за седум дена, откриваат понатаму ракометарите. Секоја вечер беше пијан, а кулминација беше што пијан беше и на натпреварот со Белорусија. 

Колку се точни овие обвинувања и дали е ова вистинската слика или само агресивен одговор на обвинувањата на Цветковиќ дека играчите лумпувале низ Загреб и имале резервирани билети за дома уште по првата фаза е работа со која ќе си се занимава РСС, а можеме да замислиме како ова ќе се шири низ српските портали. 

Но, во вторник има состанок на нивниот УО, ќе се разгледува извештајот од ЕП и како што рековме, ако ова го преживее Јовица Цветковиќ, тогаш можат да го изберат и за доживотен селектор. 

-----------
Ви се допаѓа текстот? Кликнете LIKE  на веб страницата g-sport.mk за да ги добивате најновите вести на вашиот ФБ профил
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk