Пенезиќ ја одложи пензијата


Пред десетина дена објавивме дека најдобрата ракометарка на Вардар, Андреа Пенезиќ нема да се пензионира на крајот на сезоната како што самата во интервју за Арена ТВ изјави туку дека ќе продолжи да игра уште една сезона, најверојано во Шиофок. 

Денеска е потврдено дека пола од информацијата ни е точна. Пенезиќ нема да се пензионира. За втората половина, дали ќе биде Шиофок, ќе почекаме. 

Пенезиќ денеска во интервју за дански портал потврди дека ја променила одлуката и дека ќе биде активна ракометарка и следната сезона. Нема да биде во Вардар, тоа е сигурно.
Но, тоа не е ни чудно, овој клуб во ваков формат, со толкав буџет и со амбции да ја освои Европа ќе биде до јуни. Потоа се ова ќе оди во архива, а ние ќе имаме можност да ги видиме и резултатите од работата на сите во Вардар што не се дел од првиот тим, бидејќи тие ќе бидат новиот Вардар. 

Очекуваме, наскоро, како што и самата изјави во последното интервју, да објави во кој клуб ќе настапува следната сезона. Наш фаворит и натаму е Шиофок, меѓутоа, сега, кога еден од најдобрите играчи во светот јавно објави дека ќе продолжи да игра, а патем е и слободен играч, очекуваме да допливаат и големите ајкули. 


foto: zrkvardar.mk
-------------------------
Ви се допадна текстот? Кликнете LIKE на страната g-sport.mk за да ги добивате најновите вести на вашиот ФБ профил

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk