Унгарија побарала дозвола за Момир Илиќ

Најавите дека Унгарија сака во своите редови за јунскиот бараж со Словенија да ги има во своите редови Момир Илиќ и Ренато Сулиќ не се само „лупетање на Словенците“, како што сакаа да прикажат првенствено Унгарците, а информацијата не сакаат да ја прифатат ниту српските медиуми, затоа што се работи за еден од нивните најдобри играчи. 

Но, како што неофицијално дознаваме, Унгарија веќе упатила барање до ИХФ за добивање на дозвола за настап на ракометарот Момир Илиќ. Засега Сулиќ го нема во комбинацијата.
Нема да биде лесно да ја издествуваат дозволата. Потребно е да минат три години од последниот репрезентативен настап, а третата година истекува точно на денот кога ќе треба да се сретнат со Словенија. 

Ќе почекаме прво информацијата да стане официјална, односно да добиеме потврда од ИХФ дека Унгарија има упатено такво барање, а потоа да видиме и како ќе се развива целата ситуација. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk