Пенезиќ продолжува во Шиофок?

Веројатно најдобрата ракометарка на Вардар, хрватскиот бек Андреа Пенезиќ меѓу првите најави заминување од Вардар и тоа со намера да ја заврши кариерата. 
Така таа изјави во интервју за хрватската Арена ТВ, по што за само неколку часа веста ја обиколи ракометната Европа и од тој момент, таа информација влезе во категоријата „завршена работа“. 

Но, последните неофицијални информации велат дека можеби и нема да биде така. Виновник за тоа би требало да биде унгарскиот клуб Шиофок. 
Во моментов четвртопласираниот клуб во Унгарија (зад Ѓер, ФТЦ и Ерд) би можел да стане следна дестинација за 32 годишната Пенезиќ која во Вардар ги одигра најдобрите сезони во кариерата, вклучително со индивидуалната награда „Најдобар стрелец на ЛШ“ што во 2015 ја подели со Кристина Неагу. 

Би додале дека ваквиот развој на настаните е изненадување, затоа што за Пенезиќ веројатно би се загреале многу попознати и поамбицизни клубови. 
Но, од друга страна, пак, Шиофок е на само 2,5 часа возење до родниот и Загреб, па можеби тука треба да се побараат причините доколу оваа шпекулација се потврди. 

И како и за мноштвото информации и засилени шпекулации за иднината на ракометарките што заминуваат од проектот „Вардар“, ќе оставиме времето да покаже дали ќе се претворат во официјални или ќе се заборават. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница.