ЧСМ добива „пакетче“ од Вардар

Романскиот првак ЧСМ Букурешт, до крајот на неделва би можел да добие „пакетче“ од ЖРК Вардар. Романските фанови веројатно ќе се израдуваат кога ќе видат дека во нивниот тим следната сезона треба да играат Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ и Јованка Радичевиќ. 
Овие три ракометарки треба да бидат во Букурешт на финални преговори, можеби и на промоција, ќе дознаеме за ден-два. 

Информацијата е неофицијална и тоа само по себе значи дека постои веројатност и да излезе поинаку, посебно по шпекулациите дека францускиот Брест се наводно заинтересирал за услугите на Драгана Цвијиќ. 

Сеедно, шпекулациите што се исплетија околу овие три ракометарки, ако нашата информација е точна ќе завршат до крајот на неделава, а Цвијиќ, Лекиќ и Радичевиќ ќе станат ракометарки на ЧСМ Букурешт. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk