Ракометниот Меси останува во Монпеље

Монпеље, клубот што годинава е на прагот да го симне ПСЖ од шампионскиот трон во Франција, се пофали дека продолжил договори со три ракометари.

Диего Симонет, најдобриот аргентински ракометар или „Ракометниот Меси“ потпиша нов договор со важност со 2022 година. Аргентинскиот виртуоз беше потенцијал да стане еден од најсборите светски играчи, но премногу е склон на повреди што ја успори неговата кариера, иако и натаму е играч од врвна класа. 

Никола Портнер исто како и Симонет потпиша договор на четири години, додека Мухамед Соуси од Тунис го продолжи договорот до јуни 2019 година. 

Поврзани вести