ИХФ ја суспендираше Пан Америка

Спорот меѓу ИХФ и Пан Америка прерасна во отворена војна која епилогот најверојатно ќе го има на Спортскиот Суд во Лозана. 

Пан Америка се спротивстави на одлуката на Конгресот на ИХФ, да бидат поделени во две квалификациски зони. Засега се единствени нивните федерации дека нема да ја почитуваат оваа одлука, но ИХФ не попушта зад плановите посериозно да го вклучи во ракометната игра Северна Америка, што е закана за комодитетот и доминацијата што во моментов ги имаат Аргентина, Бразил и Чиле.

ИХФ ја суспендираше Пан Америка и сега квалификациите за Светските првенства во сите категории се во нивна надлежност и организација. Американците не се изјасниле дека ќе бојкотираат, но имаат заеднички став што се решени да го бранат на суд. 

Квалификациите за СП Германија и Данска 2019 ќе се одржат на Гренланд во јуни, но ова ќе биде последниот пат по стариот модел. Вистинските проблеми ќе дојдат потоа. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница.