Се отвора место за Лекиќ во ЧСМ Букурешт

Најавениот распад на Вардар оди во прилог на неколку екипи во Европа, а побрзите веќе си завршија работа како Флери и Ѓер, два тима кои веќе си ги договорија вардаровите Французинки Лакрабер и Лејно. 

Со оглед на тоа дека Пенезиќ најави крај на кариерата, следните најатрактивни продукти на пазарот се Лекиќ, Цвијиќ и Радичевиќ. За сите три наводно има заинтересираност од ЧСМ Букурешт, но дури и за нив пакет од три играчи можеби е преголем залак.

Но, францускиот Л’Екип објави дека Брест е многу блиску до договор со Изабел Гулден, а Гножан Номбла веќе се договорила со Мец. Тоа се две ракометарки од позицијата лев-централен бек што си заминуваат од ЧСМ. Францускиот весник вели дека ЧСМ веќе не е толку тврд во ставот дека не ја пушта Гулден, токму поради можноста да ја доведе Лекиќ. 
Сигурно нема да биде тоа едноставно како размена на „сликички“, но факт е дека сега има отвроено место за Лекиќ. 

Информацијата, пак, дека Ѓер се договорил со пикерот Кари Братсет ги израдува најмногу Романците, кои сега не го гледаат Ѓер како конкуренција за потпис на Драгана Цвијиќ, но важи истото како и за Лекиќ. Рибата е се уште во морето и рано е да се става тавата на огнот. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница.