Официјално: Лејно потпиша за Ѓер (ВИДЕО)

Амандин Лејно, голманот на Вардар следните две сезони ќе биде дел од екипата на Ѓер. 
Денеска актуелниот европски првак официјализираше неколку трансфери за следната сезона, а меѓу нив е и тој на голманот кој во моментов брани за македонскиот шампион.


„Овој клуб значи многу за мене. Секој играч сака да игра овде, со вакви соиграчи. Многу сум среќна што ќе бидам дел од тимот“, изјави Лејно за официјалниот сајт на Ѓер.


Трансферот на Лејно беше однеодамна најавен и во македонските медиуми, но се досега Ѓер не потврдуваше, напротив имаше став дека „не знае“ ништо за трансферите со кои беше поврзуван. 

Покрај Амандин Лејно, уште две големи засилувања доаѓаат во Ѓер од Скандинавија, а за кои исто како и за Лејно, јавноста одамна имаше слушнато од медиумите. 
Вероника Кристијансен доаѓа од редовите на Митјиланд, а Кари Братсет од редовите на норвепкиот Виперс Кристијансанд. 

Братсет е големиот трансфер. Пикерот на репрезентацијата на Норвешка беше хит на Светското првенство што се играше во Германија и успеа да ја „седне“ на клупа легендарната Хајди Локе. Ова беше доволно за Ѓер да ја убеди дека нејзината иднина е во Унгарија. 

Продолжување на договорите потпишаа Сузана Томори и голманката Ева Киш. Договор 1+1 година со европскиот првак доби и Сидоња Пухалак.

 
Промотивното видео и изјавите на Лејно и другите засилувања