Романците ги бркаат новинарите

Романците во среда ќе изберат нов претседател на нивната Ракометна Федерација (ФРХ), а во пресрет на Собранието претседателската трка добива не само на интензитет, туку и фрла сомнеж дека се ќе биде регуларно. 

Три кандидати се во игра. Актуелниот Александре Деду, потоа Нарциса Лекушану и Роберт Лику. Изборот ќе биде неизвесен, Деду не е веќе сигурен победник, откако значително се зголеми бројот на поддржувачи на Лекушану, додека Лику важи за аутсајдер кој во случај на пораз би ја поддржал Лекушану. 

Интересен момент кој рековме фрла сомнеж дека се ќе биде регуларно е одлуката на Собранието да не присуствуваат новинари. Како што сега стојат работите, на медиумите би требало да им биде дозволено присуство само на почетокот на состанокот, десетина минути, додека кандидатите ги излагаат своите програми, а потоа ќе треба да си заминат. 

Ова наиде на остри реакции не само кај медиумите, реагираше и еден од кандидатите (Роверт Лику), но дали ќе биде променета одлуката ќе видиме. 

Изборот на претседател на ФРХ е битен и за Македонија. Нашата сениорска репрезентација ќе игра бараж со Романија за пласман на СП 2019, а можно е доколку дојде смена на претседателска функција, да бидат сменети и селекторите. Во моментов, тренерот на Барселона, Чави Пасквал е селектор на Романија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница.