Нова група чекори кон Мастер лиценца

Нова група од тренери, вкупно 14, викендов во Дојран стана сопственик на лиценца од втора категорија и се здоби со право да ја продолжи едукацијата за највисоката трета категорија што ја доделува ЗРТ, односно РФМ. 

Меѓу 14-те тренери има и многу добро познати имиња како Наумче Мојсовски, Раде Стојановиќ, Митко Стоилов, Игор Котевски, потоа Андријана Будимир, Веселинка Треноска ... 



Тие успешно го завршија вториот модул и рековме продолжуваат за Категорија 3, по што ќе се стекнат со право да водат и сениорски тим (откако ќе исполнат и услов за доволно искуство) како и со право да аплицираат и за мастер коуч лиценца на ЕХФ. 

За време на обуката која традиционално се одржува во Дојран, имаа и неочекувана посета. Дел од играчите на Академија Младост, новиот клуб и школа на Митко Стоилов дојдоа во Дојран за да се видат, разменат некое искуство, слушнат нешто ново од тренерската фела. Потег што е секако за поздравување и треба да биде и пример за другите, ако ништо друго тогаш поради респектот кон тренерите. Убав потег, во секој случај на младите „Академци“. 



Тренери кои добија лиценца од втора категорија
1. Александра Кузмановска – Кузман Илинден и Вардар
2. Веселинка Треноска – РК Шампион
3. Наумче Мојсовски – РК Струга
4. Радослав Стојановиќ  - РК Металург
5. Игор Котевски  - РК Бутел Скопје
6. Митко Стоилов – РК Академија Младост
7. Татјана Бојкова   -ЖРК Гевгелија
8. Гоце Стоилов - Делчево
9. Александар Таневски – РК Филип Вардар
10. Слободан Чивлачки – РК Шампион
11. Сара Богеска – ЖРК Деспина
12. Здравка Дамовска –РК КЛ7
13. Андријана Будимир - Вардар
14. Билјана Богданова Смилевска – РК Лихнид 2012
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница.