Се здружија Сарма, Шмига, Јошка и Левче

Железничар од Ниш живее по ноти на Металург. Некогашниот Металург, пред во Скопје да се појави Лино Червар. Направија амбициозен проект и се надеваме дека Ниш ќе има слух и пари да ја издржи првата година, по што би требало да биде полесно. 
Би требало да биде полесно доколку успеат да освојат шампионска титула или пак да добијат место во СЕХА Гаспром. 

Левче Китевски, веројатно го паметите. Беше директор, па потоа претседател на Металург. Сега има некоја раководно-координаторска функција во Железничар. 

Јошко Петковиќ  е тренер на нишлиите. Тоа е нормално, во неговиот град и неговиот клуб тешко дека мине друг тренер.

Иван Шмигиќ, поранешен играч на Металург е во улога на тим-менаџер. 

Ова трио од Металург, стана квартет од Металург. Последен кој им се приклучи како ново големо засилување е Александар Станојевиќ - Сарма. Десен бек кој заедно со Иван Шмигиќ играше во Металург две сезони. Тој во Железничар дојде од Ѓозтепе, а претходно беа во комбинации да дојде во Битола. 


Железничар по 13 кола го претерпе првиот пораз во српското првенство. И тоа на домашен терен. Металопластика засилена со двочерашниот голман на Металург (Дарко Арсиќ, 9 одбрани) славеше во „Чаир“ со 24:22. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница.