ЛШ: Будуќност немаше шанса во Скопје

ВАРДАР - БУДУЌНОСТ  31:24 (19:8)
Пенезиќ 8, Цвијиќ 4, Кузњецова 4 - Брновиќ 6, Јауковиќ 5



ЖРК Вардар во пресрет на својот последен атак кон шампионската титула во ЛШ, денеска лесно се пресмета и со големиот ривал, Будуќност. 

Црногорките се во фаза во која го менуваат играчиот кадар и во овој момент не се конкурентни на шампионот на Македонија, а тоа најубаво го видовме во првите 30 минути во „Јане Сандански“. 

Од стартот нагази Вардар, поведе со 5:2 и уште тука победникот беше решен. 
Амандин Лејно како да сака да им испрати порака на „селекторите“ во ИХФ кои ја заборавија во изборот за најдобар играч за 2017. Симна неколку зицери со кои ги откажа Црногорите уште во раната фаза од натпреварот. 

На полувреме разликата беше огромни 11 гола, по што веќе немаше резон да се јуриша, па средбата доби поинаков тек и конечни 7 гола разлика, прифатливи се чини и за двата тима. 


фото: zrkvardar.mk
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk