ЧСМ бара 500.000 евра за Јоргенсен

Ако на ЕХФ му е потребно нешто за подоборување на имиџот на спортот и сместување на ракометот меѓу сериозните спортски институции, тоа е јасно регулирани права и обврски кога се потпишуваат договори, посебно меѓународни. 

Сме биле сведоци на безброј трансфер драми, неисполнети обврски, ЕХФ арбитражи и слични компликации во кои биле актери и најдобрите светски играчи (пр.Арон Палмарсон), нешто што е незамисливо во другите спортови посебно во фудбалот  каде патем еден просечен играч од која било посилна лига заработува повеќе од најскапоплатениот ракометар. 

Текстов е инспириран од најновата трансфер драма што е на повидок. Тоа е најавеното заминување на Лине Јоргенсен од ЧС Буккурешт летово. Таа мината година потпишала продолжение на договорот до јуни 2019. Во договорот има клаузула дека може да си замине на крајот на оваа сезона. И таа сака да ја искористи клаузулата за да се врати во Данска (Есбјерг). 

Проблемот е што клаузулата во ЧСМ ја читаат поинаку. За раскин на договорот требало двете страни да се согласат. А од ЧСМ не сакаат да чујат. Напротив, ставија и оштета што веројатно никој нема ни да ја каже гласно, а не па да ја плати. 

ЧСМ за слобода на Јоргенсен побара 500.000 евра. Цифра за која можеби би можеле да го откупат и Микел Хансен од ПСЖ. 

Гножан Номбла и Саурина Ајгло си одат од ЧСМ (се враќаат во Франција), За Изабел Гулден исто така се интересира француски клуб (Брест), а единствените најавени „доаѓања“ се тие од македонските медиуми кои ги селат Радичевиќ и Лекиќ во романската престолнина. 




 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk