Екипата на Охрид по една недела бојкотирање на тренинзите поради неисплатени плати од ноември, го прекина т.н. шатрај и повторно е во тренажен процес. Сега же треба да работат со засилено темпо за да го надополнат загубеното време.
Градоначалникот и општината ќе продолжат да го помагаат клубот и охриѓани наскоро би требало да бидат на вистинскиот пат.
Зимава беа реализирани неколку трансфери, заминаа сите странци освен рековалесцентот Кобетиќ, а беа доведени неколку македнски играчи.
Сепак, тренерот на Охрид, Горан Андоноски, сака да ја засили надворешната линија, а нивна прва цел е ракометар на Вардар Јуниор, Стефан Трпчевски.
Можеби ќе имаат повеќе идеи и избор, доколу Металург реши да се раздели со своите првотимци, но се чини дека состојбата во „Автокоманда“ привремено ќе се нормализира и дека сите што очекуваат ракометари од Металург, ќе останат со празни раце.
Охрид имаше ослична полусезона и успеа да обезбеди место во плеј оф, каде што сигурно нема да игра епизодна улога, туку ќе има вистинска шанса уште еднаш да обезбеди излез во Европа.