BRAVEN (2017)

Braven е филм што вреди да се изгледа, иако ништо нема да пропуштите и ако не го гледате. Веројатно Jason Momoa попознат како Khal Drogo (The Game of Thrones) или Aquaman (Justice League) ќе ве прелаже да седнете пред ТВ. 

Филмот и не е лош. Дејствието е на границата меѓу САД и Канада каде што во изолирана колиба Брејвен (Momoa) се обидува да реши семеен проблем со својот склеротичен татко. Проблемот е што ден претходно колибата е искористена од група дилери за криење на нивната дрога... 

Натаму е акција, на моменти лошо спакувана и нелогична, на моменти сосема добра... 

Годинава сите филмови со снег и криминалци се споредуваат со „Wind River“ и досега ниту еден не му е рамен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница.