Крај на сезоната за Нора Морк

Актуелниот европски првак Ѓер се соочува со проблем што може да пресуди во нивниот обид да ја одбранат шампионската титула во ЛШ. 

На натпреварот со Никобинг, екипата со која Вардар најверојатно ќе вкрсти во 1/4 финалето, им се повреди најдобрата ракометарка - Нора Морк. 
Малерозната Норвежанка беше на носилки изнесена на 15 минути пред крајот на натпреварот. Снимањата покажале дека се работи за скинати вкрстени лигаменти на коленото и таа ќе мора на операција. 

Паузата по таква операција е најмалку шест месеци. За Нора Морк, оваа сезона е завршена. 

Норвежанката стана позната и кај неракометната публика пред мундијалот во Германија кога од нејзиниот хакиран мобилен телефон беа украдени, а потоа и споделени низ медиумите нејзини интимни фотографии на кои таа самата се сликала гола или во долна облека. 

Тие фотографии веројатно ги има секој машки ракометен клуб во Норвешка, аслучајот одново стана актуелен откако се Морк обвини дека репрезентативците и на ЕП во Хрватска меѓусебе ги споделувале (подоцна ова беше демантирано). 
Морк е незадоволна од поддршката што ја доби од федерацијата, па најави дека нема да игра веќе за репрезентацијата. 

Ѓер е во троен проблем, откако и Едуарда Аморим пред петнаесетина дена се поведи и ќе биде вон терен најмалку еден и пол месец, а познато сезоната заврши и за нивното големо засилување од Вардар, Ања Алтхаус. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk