СЕХА: Само бод за Вардар во Брест

МЕШКОВ БРЕСТ - ВАРДАР 25:25 (12:12)
Шкурински 4, Вукиќ 4 - Дибиров 8, Криштопанс 3, Македа 3, Циндриќ 3


Вардар и Мешков Брест одиграа нерешено на премиерниот натпревар на СЕХА Гаспром шампионатот (25:25), на натпревар одигран во Белорусија. 
Со ова реми заврши серијата на победи на Вардар во СЕХА Гаспром што изнесуваше 11 победи по ред, но продолжи серијата без пораз. 

Мешков Брест реално беше чекор поблиску од Вардар до победата на оваа средба. Иако мечот беше израмнет, домашниот состав во поголем дел го контролираше резултатот, иако во ниту еден момент немаа некоја комотна предност. 

Вардар на дологото патување кое од Белорусија ќе го одведе во Словачка пред да го врати во Скопје, замина без стандардните Абутовиќ и Борозан и тоа беше видливо на теренот. Што во дефанзивата, што во недостатокот на класичните шутеви од левата бековска позиција. 

Сеедно, Вардар беше блиску резултатски иако во 55 минута ситуацијата стана опасна затоа што Мешков Брест беше во залет, поведе со 24:22, Пешиќ беше во серија на одбрани, а како капак на се, над Дибиров не беше досуден чист пенал. 
Зовре крвта на Русинот, па влезе во дуел со српското крило Продановиќ кој „валкано“ го задржа за дресот и двајцата заработија по две минути казна. 

Но, ова беше сигнал за будење, пред се на Арпад Штербик кој реши да го затвори голот, на Белорусите им затрепери раката, па со два гола од карактеристични индивидуални пробиви Циндриќ го доведе во водство Вардар од 25:24. 
Белорусите ризикуваа игра без голман, но усеаја за израмнат, а потоа Вардар во последниот напад организираше шут за Криштопанс, но оличниот Пешиќ одбрани. 


                                                                 СЕХА ГАСПРОМ ЛИГА - ТАБЕЛА
1. Вардар 12 11 1 0 383 : 292 34
2. Целје Пивоварна Лашко 12 8 2 2 354 : 321 26
3. ППД Загреб 12 8 1 3 349 : 310 25
4. Мешков Брест 12 7 1 4 349 : 330 22
5. Горење Велење 12 5 2 5 332 : 317 17
6. Tатран Прешов 12 5 1 6 345 : 336 16
7. Meталург 12 4 1 7 320 : 342 13
8. Нексе 12 1 4 7 305 : 342 7
9. Динамо Панчево 12 2 1 9 309 : 374 7
10. Војводина 12 2 0 10 289 : 371 6

     

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk