Игор Карачиќ е цел на Пик Сегед?

Додека се уште чекаме на потврда или демант од Скопје или Сегед, сеедно, за можноста Хорхе Македа да замине во Сегед, а во Скопје да дојде Сергеј Горбок, од Унгарија стигна нова шпекулација за можен трансфер на оваа релација. 

Игор Карачиќ е цел на унгарскиот тим. Ракометниот портал „Седум метри“ од Унгарија кој на дневна база ги следи настаните од Унгарија и Европа објави дека Пик Сегед би можел да добие големо засилување од Скопје. Во прилог линкуваше, текст и од друг унгарски медиум во кој опширно се анализира ситуацијата во Вардар последниве неколку дена и можноста за големи промени во „црвено-црните“ клубови.

Овој трансфер, заедно со тие на Македа, Радичевиќ, Цвијиќ, Лејно и така натаму, се уште ќе ги третираме како шпекулации кои можат, но не значи и дека ќе бидат реализирани, затоа што лавината околу Вардар е голема, а ретко кој, објавил сигурен извор за своите информации. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk