Затворена врата за екс играч на Металург

Веројатно го паметите ланското ориентално засилување на Металург, Амин Јусефинеџад од Иран. Тој по заминувањето од Металург кратко беше во Полска, за на крајот да заврши во тунискиот тим Еспернас, учесник на Супер Глоуб. 

Есперанс денеска објави, дека му порачала на иранскиот ракометар да не се враќа назад во клубот. Имено, тој без претходна најава, на 5 декември заминал од Тунис со образложение дека ќе настапува за репрезентацијата на Иран.
 
Проблемот е што до Есперанс не добила никаква покана за играчот од иранската федерацијат, јасно преку федерацијата на Тунис. 

Откако завршија Азиското и Африканското првенство и клубовите повторно се собираат, од Есперанс, објавија дека не сметаат повеќе на него, поради долго неоправдано отсуство. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk