Зарабец си доби нов договор со Кил

Словенечкиот плејмејкер, Миха Зарабец, одигра одлично првенство и веруваме беше сериозна конкуренција на Сандер Сагосен и Џим Готфридсон во изборот на најдобар играч на централната бековска позиција. 

Неговата брзина, луцидност и квалитет му донесоа статус на ѕвезда, а притоа и многу понуди. Висла, Берлин веќе испратија свои понуди до Словенецот. Тој имаше краток договор со Кил и од јуни ќе беше слободен играч. 
Но, „зебрите“ , иако во следното коло одново на терен ќе го имаат Дувњак немаа никаква намера да се откажат од Словенецот. Му понудија нов договор, едногодишен и Зарабец ќе остане во Кил најмалку до јуни 2019 година. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk